Таравари ја започнува кампањата „Општината на работа“

Таравари-ја-започнува-кампањата-„Општината-на-работа.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Гостивар воедно и претседател на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари преку објава на социјалната мрежа „Фејсбук“ ја започна кампањата „Општина на работа #2 години“, каде граѓаните ќе се информираат за изведените работи и активности во текот на две години владеење со општина Гостивар.



Целта на кампањата „Општина на работа“ е отчетноста и транспарентноста пред граѓаните за сработеното, кои по втор пат го избраа Арбен Таравари за прв човек на општина Гостивар.

Како што соопшти, кампањата опфаќа проекти за завршените работи на Општината и општинските јавни претпријатија во инфраструктурата, образованието, културата, социјалната заштита и други области од надлежност на општината.

Инаку, Алијансата за Албанците предводена од Арбен Таравари како кандидат за градоначалник, ја победи ДУИ со 5.703 гласа разлика, и тоа Арбен Таравари освои 18.685 гласа а кандидатот на ДУИ Невзат Бејта, 12.982.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK