Таравари е претседателски кандидат на албанската опозиција: „Дојде вереме државата да има претседател Албанец“

Алијанса-за-Албанците-нема-да-оди-на-листа-со-ДУИ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, објави дека дека е кандидат за претседател на државата, на предлог на претседателството на Алијансата и со поддршка на Европскиот сојуз за промени.


На објавувањето на кандидатурата на градскиот плоштад во Гостивар, присуствуваа лидерите на трите партии од албанскиот опозициски блок – Изет Меџити (Демократско движење), Африм Гаши (Алтернатива) и Билал Касами (Движење Беса).

„Привилегија е да имам доверба од толку многу фактори. Мојата цел е диверзитетите да ги претвориме во уметност на соживот и хармонија. Дојде време државата да има претседател Албанец, не технички, туку вистински“, рече Таравари додавајќи дека кога дал заклетва како доктор се обврзал дека во извршувањето на должноста нема да влијаат религијата, националноста, политиката или класните припадности, а тоа всушност ја изразува суштината и на неговото ветување и кога станува збор за претседателската кандидатура.

Таравари се најде во судир со поранешниот партиски лидер и актуелен претседател на Централното собрание на Алијанса, Зијадин Села, кој спротивно на Таравари смета дека партијата треба да оди сама изборите, што ја подели партијата на два табора.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK