Свечено отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато

viber_image_2024-10-17_14-04-36-423.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес во село Белчишта свечено беше отворен Изложбениот центар за Белчишко Блато / Природнонаучна и етнолошка збирка/ .


Изложбениот центар е дел од проектот „Подобрување на конзервацијата на приоритетните растенија во прекуграничната област”,conse-pp, проект кој општина Дебрца го имплементираше со своите партнери од Македонија и Грција, со средства обезбедени од ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија-Грција и во чии рамки беше реконструиран и опремен стариот објект во центарот на село Белчишта, каде е сместен Изложбениот центар.

Градоначалникот Зоран Ногачески објави дека во Центарот преку текстови, фотографии и други содржини прикажани се многу сегменти од биодиверзитетот / флората и фауната/ ,со кој располага Белчишкото Блато, најголемото блато, сочувано во неговата оригинерна форма.

„Со отворањето на Центарот општина Дебрца добива уште еден атрактивен простор, преку кој се репрезентира дел од природното богатство на Дебрца, кое е дел од светското природно наследство. И во оваа прилика изразувам голема благодарност до Делегацијата на ЕУ во Македонија,која финансиски ја помогна реконструкцијата и опремување на објектот, во кој е сместен Изложбениот центар. Исто така, изразувам благодарност и до Здружението за екологија и туризам “Екотуризам 2016”, Охрид,кое заедно со општината годиниве работеше на повеќе проекти за Белчишкото Блато, од кои најзначајни се тие за изготвување на целокупната документација за оправданоста за прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје,во категорија “Парк на природата”,постапка која е во тек“, изјави Ногачески.

Како што додаде, тимот на „Екотуризам“, на чело со Ѓоко Зороски и општинскиот тим се погрижија за креирање на сите содржини внесени во центарот.

Целта е Изложбениот центар да биде дел од промовирањето на Белчишкото Блато до сите засегнати чинители – туристи, посетители, ученици, стручна јавност, а Белчишкото Блато да го добие заштитениот статус и по националната регулатива и како идно европско заштитено подрачје, во рамките на Натура 2000.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK