­

Суштински е да се работи на граничната и безбедносната соработка со Бугарија – Тошковски на средбата со амбасадорот го покани министерот во официјална посета


toshkovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денеска оствари работна посета со амбасадорот на Република Бугарија, Жељаско Радуков.


На средбата се разговараше за плановите и начините за продлабочување на полициската соработка преку склучување на Акциски план или програма за соработка помеѓу двете министерства.

Во планот ќе се ревидираат планираните и веќепочнатите активности и се планира отпочнување на нови.

Министерот Тошковски преку оваа средба го покани новоименуваниот бугарски министер за внатрешни работи, Даниел Митов во официјална посета на Македонија и МВР, посета која би била од силно значење на натамошно зајакнување на соработката во полето на безбедноста.

Двете страни изразија заеднички став дека од суштинско значење е да се продолжи да се работи на граничната и безбедносната соработка, релација која ќе придонесе и во надминување на предизвиците кои постојат меѓу двете страни.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK