­

Судскиот совет е повикан да реагира за пресудата по смртта на Теодора, смета министерот за правда


Filkov2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда, Игор Филков, смета дека Судскиот совет е повика да реагира за пресудата од 2 години затвор за обвинетиот, Менсур Пајазити, кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристовска.


Неговата изјава следи по бурните реакции во јавноста дека казната е прениска и проѕивки до судијата Елведин Феради кој ја изрече пресудата.

Филков рече дека реакцијата на јавноста е оној глас на народот којшто е многу важен и којшто треба да допре до сите, вклучително и до Советот којшто е повикан да реагира.

„Тие два проценти доверба што му се доделени на судството уште еднаш се покажа дека не се за џабе“, рече министерот.

Претходно на пресудта се осврна и премиерот Христијан Мицкоски, кој го повика Судскиот совет да го разгледа работењето на судијата Елведин Ферати и повторно да се анализира пресудата.

„Јас не само што не сметам дека правдата е задоволена, но и како претседател на Владата, како човек и родител на две деца, сум силно разочаран. Ова не е правда“, рече премиерот.

Судијата Елведин Ферати, претходно беше споменуван во јавноста како лице за кое се води предистрага дека си ги поправал оценките со пречкртување на Тетовскиот Универзитет. Државниот просветен инспекторат, лани утврди три оценки во неговото досие биле променети со пречкртување. Предметот бил затворен откако јавниот обвинител ги добил документите кои потврдуваат дека Ферати ги преполагал овие предмети и затоа претходните оценки биле пречкртани.

Теодора Ристовска беше смртно прегазена во август 2022 година. На првото судење во ноември 2023 година, по признавање на вина, Пајазити беше осуден на три години и шест месеци затвор. По жалба, Апелацискиот суд ја намали казната на две години затвор, па Врховниот суд ги укина двете пресуди на Основниот и Апелацискиот суд и предметот го врати на повторно судење.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK