Судот се брендира со лого по повод 60 години од постоењето – пуштена е поштенска марка со тираж од 6000 примероци

Судот-се-брендира-со-лого-по-повод-60-години-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Уставниот суд денеска одбележува 60 години од постоењето. По тој повод Судот се брендира со лого кое е изработено за прв пат и во соработка со АД Пошти денеска е пуштена во употреба поштенска марка на која е претставено логото и стилизиран приказ на јубилејната година.


Претседателката Добрила Кацарска посочи дека овој јубилеј е гордост за целата држава, подолг и од самостојноста на Републиката, со оглед на фактот дека првиот Уставен суд на Македонија бил еден од шесте судови во Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

– Долгата традиција на постоење на Уставен суд во нашата држава е доказ дека Судот го положол тестот на времето и не потклекнал на предизвиците кои се обиделе да ги поткопаат темелите на државата, демократијата и најсуштински владеењето на правото.

За Судот оваа 2024 година е симбол на уставната традиција и по тој повод Уставниот суд преку бројни активности ќе потсетува на важноста од постоењето на Уставниот суд во правниот поредок. Зад нас е повеќе од половина век постоење на Уставниот суд, па по тој повод решивме не само да ја информираме македонската јавност, туку и да испратиме порака до светот дека нашата држава слави долга традиција, кажа претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

На барање на Уставниот суд, АД Пошти од денеска ја пуштаат поштенската марка „60 години Уставен суд на Република Северна Македонија”.

-Ние во Пошта знаеме да кажеме дека поштенските марки се мали уметнички дела, дел од историјата но и парче хартија која го означува износот на платената поштарина. Марката со дизајн 60 години од Уставниот е испечатена во тираж од 6000 примероци со номинална вредност од 36 денари. Дозволете ми во свое име и во име на вработените од Пошта, да ви го честитам јубилејот од 60 години и да ви посакам успех во вашата работа, кажа директорот Истрефи.

Логото и дизајнот на поштенската марка ги изработи Стојанчо Величковски, хералдичар и дизајнер, кој на денешната прес конференција во Уставниот суд пред јавноста даде приказ на користените симболи и бои при дизајнирањето.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK