Судот определил надзорот над куќниот притвор на Рамадани да го врши МВР, но не го определил начинот на извршување, вели Тошковски

toskovski1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имајќи предвид дека случајот со екстрадиционата постапка за Блерим Рамадани предизвика голем интерес кај јавноста, а денеска од страна на Кривичниот суд беше испратено соопштение во кое одговорноста за бегството на предметното лице се префрла на Министерството за внатрешни работи, сакам да потенцирам неколку факти кои јасно укажуваат каква е вистинската фактичка состојба, истакнува министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.



„Факт број 1: Кривичниот суд определи куќен притвор за странец кој беше уапсен по меѓународна потерница од Интерпол.
Факт број 2: Согласно член 163 став 5 од Законот за кривична постапка, „судот врши надзор над куќниот притвор, а надзорот може да го довери на полицијата, определувајќи го и начинот на неговото извршување“.
Факт број 3: Во овој случај, во решението за куќен притвор на предметното лице, судот определил дека надзорот над куќниот притвор се доверува на МВР, СВР Скопје, ПС ОН Чаир, притоа не определувајќи го начинот на извршување, иако тоа е законска обврска согласно горенаведената одредба од членот 163.
Факт број 4: Во моето повеќегодишно искуство како адвокат, се имам сретнато со решенија за определување на куќен притвор каде прецизно било определено на кој начин да се извршува надзорот од страна на полицијата.
Факт број 5: Согласно досегашната воспоставена пракса, добропозната за Судот, при извршување на мерка “куќен притвор“, полицијата не го обезбедува 24 часа домот каде се извршува мерката, туку повремено, во определени временски интервали, ненајавено го проверува присуството на лицето во неговиот дом. И покрај тоа што судот не го определил начинот на вршење надзор, од страна на СВР Скопје во повеќе наврати биле вршени проверки, при што последната проверка е извршена на 13.08.2024 година, кога лицето било на предметната адреса, за што од страна на полициските службеници е изготвен и соодветен службен материјал.
Ја повикувам јавноста, особено стручната фела, внимателно да го следи овој случај, бидејќи неговиот исход ќе биде од суштинско значење за воспоставувањето на правдата и довербата во судскиот систем во Македонија“, пишува Тошковски на социјалните мрежи, откако Основниот кривичен суд – Скопје, денеска, преку соопштение ја насочи одговорноста кон МВР за бегството од куќен притвор на поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK