Советот за оценка на обвинителен акт, постапувајќи во оценка на обвинение против Љупчо Палевски осомничен за две кривични дела – Убиство и две кривични дела – Грабнување, а поврзани со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска од Скопје и велешанецот Панче Жежовски во ноември 2023 година, донесе решение со кое Обвинителниот акт се одобрува во целост, извести Основниот кривичен суд Скопје.
За истиот кривично – правен настан, од претходно се обвинети четири други лица за кои е оформен предмет кој е насрочен за 04.09.2024 година, а за евнтуални промени во терминот, странките и јавноста ќе бидат благовремено известена, додаваат од Основниот кривичен суд Скопје.