Стручно училиште избрале две третини од запишаните во средно образование во јуни

uchenici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во двете пријавувања во јунскиот уписен рок во прва година средно образование во учебната 2023/2024 се запишале 15 481 ученик, од кои речиси две третини во стручните училишта. Министерството за образование и наука информираше дека според конечните ранг-листи во стручно образование се запишале 10 277 ученици, 4603 ученици се запишани во гимназиите, 414 во спортска гимназија и 187 во уметничко образование.

Според наставниот јазик, 11 325 се запишани за настава на македонски јазик, 3852 ученици за настава на албански, 298 за настава на турски и шест ученици за настава на српски јазик.


На првото пријавување, кое се реализираше преку електронско аплицирање на 20 и 21 јуни, се пријавиле 16 007 ученици, а на второто пријавување – на 27 и 29 јуни се пријавиле 3371 ученик.

Пријавувањето во августовскиот рок ќе биде на 21 август до 24 часот во училиштата во кои има слободни места..

МОН соопшти дека во гимназиското образование пополнети се сите места во гимназиите „Никола Карев“ и „Георги Димитров“.

За стручното образование конкурсот е завршен во повеќе струки и училишта:

Градежно-геодетска струка:

– СОУ „Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил архитектонски техничар на македонски наставен јазик;

-ОСУТ „Гостивар“ – Гостивар за образовниот профил архитектонски техничар/градежен техничар на македонски наставен јазик.

Учениците и граѓаните треба да пријават во Државниот просветен иснпекторат (ДПИ) доколку училиштата бараат од нив да платат за свидетелствата за завршена учебна година, рече министерот Арбер

Графичка струка:

– СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот профил графички техничар/ графички уредник – дизајнер на македонски наставен јазик.

Економско-правна и трговска струка:

– СУГС „Цветан Димов“ – Скопје за образовниот профил продавач – референт за продажни услуги на албански наставен јазик;

– СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за образовниот профил економски техничар/ бизнис администратор на македонски наставен јазик;

– СОУ„Св. Кирил и Методиј“ – Охрид за образовниот профил техничар за е – трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;

– СОУ„Добри Даскалов“ – Кавадарци за образовниот профил економски техничар на македонски наставен јазик;

– СОУ„Јане Сандански“ – Битола за образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;

– СОУ„Јане Сандански“ – Струмица за образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;

– СОУ „Перо Наков“ – Куманово за образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;

– СУГС „Васил Антевски Дрен“ – Скопје за образовниот профил техничар за е-трговија и дигитален маркетинг на македонски наставен јазик;

– СОЕУ „8 Септември“ – Тетово за образовниот профил правен техничар на македонски наставен јазик.

Електротехничка струка:

– СОУ„Коле Нехтенин“ – Штип за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– СОТУ „Гостивар“ – Гостивар за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик;

– СОУ„Илинден“ – Илинден за образовните профили електротехничар за компјутерска техника и автоматика и електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;

– СОУ„Ѓорѓи Наумов“ – Битола за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– СОУ„Ѓошо Викентиев“ – Кочани за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– СОУ„Ѓорче Петров“ – Крива Паланка за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид за образовниот профил техничар за индустриска мехатроника на македонски наставен јазик;

– СОУ „Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика/електротехничар за електроника и телекомуникации на македонски наставен јазик;

– СОУ„Ристе Ристески Ричко“ – Прилеп за образовниот техничар за индустриска мехатроника / електротехничар – енергетичар на македонски наставен јазик;

– СОУ„Богданци“ – Богданци за образовниот профил електротехничар-енергетичар /електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– СОУ„Никола Карев“ – Струмица за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик;

– СУГС „Владо Тасевски“ – Скопје за образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика на македонски наставен јазик

Здравствена струка:

– СОУ„Јане Сандански“ – Штип за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;

– ССОУ„Димитрија Чуповски“ – Велес за образовниот профил фармацевтски техничар/ медицински лабораторискo санитарен техничар на македонски наставен јазик;

– СМОУ„Гостивар“ – Гостивар за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик и на албански наставен јазик;

– СОУ„Ѓорче Петров“ – Кавадарци за образовниот профил фармацевтски техничар на македонски наставен јазик;

– СОУ„Мирко Милески“ – Кичево за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;

– ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил медицинска сестра на албански наставен јазик;

– СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје за образовните профили медицинска сестра, гинеколошко акушерска сестра, забен техничар и фармацевтски техничар на албански наставен јазик и за образовните профили фармацевтски техничар и физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик;

– ОСМУ„Д-р Јован Калаузи“ – Битола, за образовниот профил медицинска сестра на македонски наставен јазик;

– СУГС „Цветан Димов“ – Скопје за образовните профили медицинска сестра и фармацевтски техничар на албански наставен јазик;

– СОУ„Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил гинеколошко акушерска сестра на македонски наставен јазик;

– СОМУ„Никола Штејн“ – Тетово за образовниот профил медицинска сестра на македонски и на албански наставен јазик .

Лични услуги:

– СУГС „Шаип Јусуф“ – Скопје за образовниот профил фризер на македонски наставен јазик;

– СУГС „Сарај“ – Скопје за образовниот профил фризер на албански наставен јазик;

– СОМУ „Никола Штејн“ – Тетово за образовниот профил техничар за козметичка нега и убавина на албански наставен јазик.

Машинска струка:

– ССОУ „Коле Неделковски“ – Велес за образовниот профил машински техничар/ техничар за производно машинство на македонски наставен јазик;

– ОСТУ„Наце Буѓони“ – Куманово за образовниот профил техничар за компјутерско управување на македонски наставен јазик;

– АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје за образовниот профил машински техничар за моторни возила на македонски наставен јазик.

Угостителско-туристичка струка:

– СОУ„Коле Неделковски“ – Велес за образовните профили келнер, готвач и слаткар на македонски наставен јазик.

Хемиско-технолошка струка:

– СУГС „Марија Кири Склодовска“ – Скопје за образовниот профил хемиско лабораториски техничар на албански наставен јазик;

– СОУ„Нико Нестор“ – Струга за образовниот профил хемиско лабораториски техничар на албански наставен јазик.

Шумарско-дрвопреработувачка струка:

-СУГС „Георги Димитров“ – Скопје за образовниот профил техничар за мебел и ентериер на македонски наставен јазик.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK