Стратешко партнерство за модерно, ефикасно и дигитално правосудство


filkov-dsc06838.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за правда Игор Филков оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, Рита Колумбија, регионалната директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги (UNOPS), Микела Талин, претставничката на Канцеларијата на Високиот комесар на ОН за човекови права, Тања Темелкоска, и Марко Вујачиќ, раководител на програмата на (UNOPS) за Југоисточна Европа.


Се разговараше за можностите за воспоставување стратешко партнерство во процесот на дигитална трансформација на правосудството, како еден од клучните предуслови за поефикасен, потранспарентен и подостапен правосуден систем.

Договорeни се идни чекори со акцент на потребата од модернизација и надградба на АКМИС, воспоставување систем за електронска достава во судските постапки, унапредување на системот за аудио и видео снимање на судските рочишта, подобрување на интероперабилноста меѓу институциите и зајакнување на сајбер безбедноста во правосудниот сектор.

Искуствата што UNOPS веќе ги има реализирано во земјите од регионот претставуваат значајна основа за поддршка на реформските процеси и во нашата држава.

Министерството за правда останува посветено на создавање современо правосудство кое ќе одговори на потребите на граѓаните и ќе ги следи европските и меѓународните стандарди. Поддршката од Обединетите нации и UNOPS во овој процес е од исклучително значење за успешно спроведување на реформите и забрзување на дигиталната трансформација на правосудниот систем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK