Сторителот од Батинци е идентификуван, но е во бегство, соопшти ОЈО


obvinitelstvo-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дежурен јавен обвинител извршил увид на местото на настанот во Батинци каде денеска се случил трагичен инцидент.


Од обвинителството соопштија дека се издадени наредби и насоки за прибирање докази.

„Сторителот е идентификуван, но е во бегство и по него се трага“, потенцираат од обвинителството.

Претходно денеска беше објавено дека денеска, околу 10.55 часот, во Градската болница бил донесен 49-годишен маж со две рани во пределот на градниот кош, без знаци на живот, по престрелка во скопско Батинци.

Потврда за настанот стаса и од Министерството за одбрана од каде соопштија дека лице со иницијали А. М. од скопското село Батинци, кое било нивен припадник, е загинато за време на трагичен настан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK