Стомачен вирус и температура имаат обвинителите кога треба да дејствуваат против криминалци што ја симболизираат претходната власт, рече Мицкоски

17102024_Mickoski-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инсталациите на СДСМ и ДУИ се жилави и борбата со нив ќе биде долга и жестока во обвинителството и во судството. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на одлуката на Антикорупциска комисија дека именувањата на членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во Управниот одбор на Академијата на судии и јавни обвинители се спротивни на Законот за спречување на корупција и има судир на интереси.


„Често пати во изминативе еве, речиси пет месеци откако сме Влада, се случува да некој од обвинителите да имаат стомачни проблеми, главоболки, температура и така натаму, во моментот кога ќе треба да се преземе резолутна акција против криминалци коишто беа симбол на едно минато владеење седум годишно коешто не треба да ни се повтори“, рече Мицкоски.

Додаде дека малкумина се во обвинителството и судството се уште слепи послушници на претходната Влада од СДСМ и ДУИ, но верува дека ќе бидат поразени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK