Стојановски: Арсовска не може да си ја сработи работата, жал ни е што не ја прифати помошта, покажа само дека е измеќар на СДС

Стојановски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес ја видовме целата неспособност на градоначалничката и точната дијагноза зошто Скопје е во катастрофална состојба, истакна на прес-конференција Мартин Стојановски, советник во Советот на Град Скопје.


„И од оваа ситуација Данела Арсовска најде причина да се скара, причина да одбие помош и причина да не сработи она што е нејзина надлежност и одговорност.

Според неа сите се виновни само Данела Арсовска е исправна.

Максимата модерно Скопје, со Данела Арсовска добива нова смисла, неспособно Скопје.

Народот вели на човек можеш со сила да му земеш, но не можеш да му дадеш. Жал ни е што не ја прифаќа понудената помош“, вели Стојановски.

Според него, сериозно треба да се разгледа можноста за кривична постапка за Арсовска за неисполнување на законските обврски и надлежности согласно закон.

Синхронизираното делување и изјави на Данела и СДС, како што наведува, е повеќе од очигледно. Нема човек кој не ја препознава вистината.

„И ќе сториме се што е во наша моќ да ги корегираме нејзините испади, неработење и неодговорно и детско однесување.

СДС ја киднапира Арсовска држејќи ја, и уценувајќи ја за криминални и неморални постапки. И сега како што СДС е измеќар на ДУИ, Арсовска е на СДС“, вели советникот во Советот на Град Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK