Стојаноски: Пропаднаа сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија

Видео-Стојаноски-Буџетот-за-2024-е-досега-историски-највисок-нереален.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, пропаднати се сите обиди на СДСМ да спречи финансирање на капитални проекти во општините ширум Македонија и на поволни средства за инвестиции на приватниот сектор.



„СДСМ во текот на изминатите денови покажа недржавничко однесување обидувајки се да спречи изградба на нови градинки, училишта, игралишта, катни гаражи, улици и други бројни инфраструктурни проекти.
Проектот за 250 милиони евра за општините годишно е одобрен од граѓаните на избори, а опозициската СДСМ во паника и уплав продолжува да работи против интересот на граѓаните, како до сега.

Во оваа прилика сакам да потенцирам дека, СДСМ нема никаков кредибилитет да зборува за задолжување затоа што тоа е партијата која јавниот долг го зголеми до рекордни 9 милијарди евра и над 60% од БДП. Ваквата алармантна состојба со јавниот долг допринесе за каматната стапка на последната еврообврзница што ја зема двоецот СДСМ ДУИ во 2023та година да достигне високи 6,25 т.е. речиси 100% повеќе отколку заемот кој денес сакаат да го спречат“, истакна Стојаноски.

Стојаноски додава дека обидот на СДСМ да спречи 250 милиони евра да завршат во општински проекти за подобрување на јавните услуги и инфраструктура и 250 милиони евра за евтини кредити за развој, раст и нови работни места во приватниот сектор не успеа.

Најави дека новото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе продолжи да работи во корист на подобар животен стандард.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK