Стојаноски до Ковачевски: Дали како родител,сте спремен да ги амнестирате помагателите на убиствата на децата кај Смилковското езеро, со законот за амнестија

Стојаноски-до-Ковачевски-Дали-како-родителсте-спремен-да-ги-амнестирате.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На денешната собраниска седница пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски со прашање до Ковачевски. Го праша, дали Ковачевски како родител е спремен да ги амнестира помагателите на убиствата на децата кај Смилковското езеро со овој закон кој го предложува во Собранието?



„Во вашиот предложен закон за амнестија господине Ковачевски деликтите како тешка телесна повреда, загрозување со опасно орудије при тепачка, противправно лишување од слобода, мачење или друго сурово нечовечко или понижувачко постапување, грабнување, малтретирање во вршење на службата, згрозување на сигурноста, повреда на угледот на Република Македонија, излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците, запуштање и малтретирање на малолетно лице, неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекусори, овозможување на употреба на наркотични дроги, тешки дела против здравјето на луѓето, кражба, кражба на електрична енергија, топлинска енергија или гас, тешка кражба, измама, бесправно градење, оштетување или повластување на доверители, изнуда, уцена, лихварство, перење пари, фалсификување пари и други преноси од казниво дело, даночно затајување се делата кои ќе бидат амнестирани доколку вашиот закон во Собранието помине“, истакна Стојаноски.

Тој додаде дека има еден загрижувачки дел од овој закон каде се амнестираат оние кои се воени повратници кои војувале во други држави како оние од ИСИС и една вознемирувачка информација која не може да го остави рамнодушен, а тоа е дека со овој закон ќе се амнестираат и ќе бидат на слобода две лица за помагање на тешкото и мачно грозоморно убиство на децата кај Смилковци.



Стојаноски конкретно го праша Ковачевски со кој се консултирал тој и врз кој точен акт на Европската Унија амнестира функционери од одговорност. Тој запраша во која друга држава е донесен ваков закон со кој се амнестираат функционери од сторена одговорност?

„Наместо владеење на правото вие со овие два закони ќе направите и ќе го официјализиравте тоа веќе што се случува во оваа државата. Тоа е дека со оваа држава не владее Владата, не владеат оние кои седат во Владата туку владее мафијата која има киднапирано државата и која исклучиво ги користи институциите за тендери во четири очи. Ова е ништо друго освен брза амнестија на криминалот на ДУИ и СДСМ односно сите оние деликти кои се случени до 2019-та година тие дела застаруваат“, рече Стојаноски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK