Стојаноска: Власта ги полни комисиите во Собранието со партиски војници

Стојаноска-Власта-ги-полни-комисиите-во-Собранието-со-партиски-војници.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како што се ближи изборниот процес, власта започна со дополнително партизирање на институциите, притоа кршејќи ги сите правила и прописи за вработување, обвини пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска.


Вчера на Комисијата за изборите и именувањата се избираа членови и претседатели на повеќе комисии за коишто предходно беше распишан оглас и имаше пријавено бројни кандидати. Во нормална држава, вели Стојановска, за вакви комисии како што се Комисијата за заштита на конкуренцијата, Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации или пак Комисијата за заштита и спречување на дискриминацијата, очекувано би било да се изберат пред се кандидати кои ги исполнуваат условите пропишани со огласот, но и кандидати кои со своето знаење и експертиза ќе допринесат за подобро и поефективно работење на ваквите комисии. Но реалноста со владеењето на СДСМ и ДУИ е друга, нагласува Стојаноска обвинувајќи дека за власта не е битна квалификацијата на кандидатите туку меѓукоалицискиот пазар за вдомување и полнење на комисиите со партиски војници.

„За да биде иронијата поголема, условите кои што тие самите ги пропишаа во огласите за кандидатите, колегите од власта на комисијата не ги почитуваа. Така на пример беа изгласани кандидати што не исполнуваат еден или повеќе услови во огласите. Во најмала рака за ваквите кандидати што не ги исполнуваат условите пропишани со огласите, не би требало ниту да се расправа, а камоли да бидат избрани и изгласани за членови во комисиите. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ иако реагираа на ова незаконско работење сепак не наидовме на разбирање бидејќи пратениците од власта само немо и без никакви аргументи ги протнаа овие партиски војници и си ги погазија огласите кои тие самите ги распишаа“, рече Стојаноска.

Додаде дека на огласите биле пријавени многу кандидати кои што не само што ги исполнувале условите за избор туку имале и впечатливи биографии. Ова е класичен пример и показател за една од причините зошто стручните кадри се иселуваат од Македонија, вели Стојаноска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK