Стоилковски за новиот КЗ: Се сомневам дека СДС ќе се откаже од личната амнестијата која што сама си ја донесе во Собранието

kovachevski-sobranie.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Прво да го видиме предложениот закон. Искуството досега покажува дека во Собранието стигнуваат предлози изработени во партиските штабови на СДС наместо од работните групи, истакна за време на денешната изјава, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на прашање дали ВМРО-ДПМНЕ би дало поддршка во Собранието за новиот Кривичен законик кој што е во фаза на подготовка и за којшто академик Камбовски изјави казните за злосторничко здружување се по стариот терк, како што беа пред да бидат донесени новите измени во сегашниот Кривичен законик.



Стоилковски исто така додаде дека не верува дека СДС ќе се откаже од амнестијата што си ја донесе во Собранието.

„Се сомневам дека СДС ќе се откаже од онаа лична амнестија која што си ја донесе во Собранието“, заклучи Стоилковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK