Сто припадници на АРМ заминуваат во хуманитарна операција во Словенија

poplava slovenija
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сто припадници на Армијата на Република Македонија заминуваат за учество во хуманитарна операција во Република Словенија.

Согласно одлуката на Владата, донесена на вчерашната седница се испраќаат 100 припадници на Армијата кои ќе помогнат во санирањето на последиците од поплавите кои ја погодија Република Словенија, а согласно барањето проследено од страна на NATO EADRCC, доставено од Република Словенија.


Припадниците на Армијата се испраќаат за период од триесет дена за учество во давање помош на Република Словенија.

-Република  Македонија, како и досега, продолжува да се става на располагање и солидарно учествува во разни хуманитарни мисии и акции во погодени подрачја од природни непогоди и катастрофи, се наведува во соопштението од Владата.

Претходно, министерката за одбрана Славјанка Петровска најавувајќи ја владината одлука, рече дека станува збор за сто војници од различен состав, кои, како што појасни ќе заминат денеска наутро.

null

Во врска со тоа дали се размислува за некој вид материјална помош, министерската вели дека ова е се што досега е побарано.

-Побарани се и други технички средства, материјална техничка поддршка, за која што ние не сме во можност да одговориме, меѓутоа се разбира и во иднина ако се испратат барања на кои ќе можеме да одговориме ќе одговориме, додава Петровска.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб вчера изјави дека штетите од катастрофалните поплави во Словенија ќе достигнат неколку милијарди евра.

Најголемите поплави досега во Словенија предизвикаа смрт на најмалку шест лица, однесоа куќи и оставија села во урнатини. Поројните дождови со денови паѓаа во речиси две третини од земјата, уништувајќи згради и мостови.

Илјадници луѓе се евакуирани од своите домови низ северозападна и централна Словенија, а армијата, пожарникарите и спасувачите се обидуваат да ослободат други и да ги расчистат улиците. Словенечката агенција за животна средина објави дека поплавите завчера почнале да се повлекуваат, но некои области се уште се отсечени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK