Средба Тошковски – Чалкли: Зајакнување на билатералните односи и натамошна соработка од заеднички интерес

1-2-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во рамките на посетата на владината делегација на Вашингтон, на Самитот на 75-годишнината од НАТО, се сретна со Мари Чалкли, в.д. заменик помошник секретар за меѓународни работи при Одделот за внатрешна безбедност на САД.


На средбата се разговараше за повеќе теми кои се од клучно значење за нашата земја.

„Дискутиравме за важноста на граничната безбедност, како за Македонија така и за регионот, и ја потенциравме потребата за постојано подобрување и разменување на искуства и најдобри практики. Се согласивме дека од особено значење е поддршката и искуството на САД при управување и контрола на миграционите текови, со акцент на хуманото третирање и заштита на правата на мигрантите“, истакна министерот Тошковски.

Друг фокус на средбата беше и сајбер безбедноста, со оглед на зголемите закани во дигиталниот свет и заеднички беше констатирано дека е неопходна соработка и во оваа област, споделување на информации и развивање на стратегии за заштита од сајбер напади.

„Оваа средба е уште еден значаен чекор кон зајакнување на билатералните односи и поставување на основа за понатамошна соработка во областите од заеднички интерес. Верувам дека преку вакви дијалози и партнерства ќе можеме да создадеме побезбедна и посигурна средина за нашата земја“, потенцираше министерот Тошковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK