Средба на претседателот Пендаровски со Ангелина Ајхорст, директорка при Европската служба за надворешни работи

pendarovski-angelin a ajhorst.
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска ја прими Ангелина Ајхорст, извршна директорка за Европа и Централна Азија при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС).

Како што соопшти Кабинетот на Претседателот, на средбата беа разменети информации за актуелните политички состојби во земјава и во регионот, за текот на пристапните преговори за членство во ЕУ и реформските процеси, како и за европската перспектива на државите од Западен Балкан.


-Претседателот Пендаровски истакна дека Северна Македонија останува посветена на спроведување на неопходните реформи. На средбата беше посочена важноста од натамошно унапредување на регионалната соработка во насока на обезбедување на мирот, безбедноста и просперитетот на целиот регион, како и потребата за вклучување на регионот во сите иницијативи предводени од Европската Унија, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK