Средба на претседателот Гаши со шпанскиот амбасадор Гарсија

gashi-garsija3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со шпанскиот амбасадор, Н.Е. Хосе Луис Лозано Гарсија.

Притоа, изрази задоволство од посетата и подршката што нашата земја ја добива од Кралството Шпанија во процесот на евроинтеграција.

Континуираното формирање Пратеничка група за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија придонесува во развивањето на севкупните односи помеѓу нашите две земји.

Исто така, Гаши искажа благодарност за Програмата на стручна обука за службеници на нашето Собрание во Парламентот на Шпанија, што се организира секоја година. Во овој контекст, соговорниците беа согласни дека соработката треба да се прошири и со заемни посети на парламентарни делегации, со што ќе се пренесат шпанските искуства кај нашите пратеници, но и на највисоко ниво – на претседатели на Парламенти.

Шпанскиот амбасадор честиташе за демократските избори и посака успешен мандат на функцијата претседател на законодавниот дом. Недвосмислено ја изрази својата заложба и шпанската поддршка за нашата, пријателска и партнерска земја, во кој било сегмент.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK