Средба на претседателот Гаши со Рита Колумбија, новата постојана координаторка на ОН во земјава

gashi-rita-kolumbija-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја прими денеска новата постојана координаторка на Обединетите нации во Република Северна Македонија, Рита Колумбија, со која разговаараа за имплементацијата на Целите за одржлив развој за земјава, под покровителство на светската организација, како и за Националната развојна стратегија.


Од двете страни беше искажано задоволство од досегашната соработка меѓу Собранието на Северна Македонија и Канцеларијата на ОН, со очекување за поинтензивна комуникација во наредниот период и за зајакнување на поддршката за земјава за развојни проекти.

Постојаната координаторка Колумбија ја нагласи клучната улога на парламентите во исполнувањето на Целите за одржлив развој и на Националната развојна стратегија, по што беше реафирмирана заложбата за формирање неформална група за одржлив развој во Собранието.

Претседателот Гаши упати на можноста да се организира брифинг за новите пратеници за улогата на парламентите во постигнувањето на Целите за одржлив развој.

Тој изрази благодарност до агенциите на Обединетите нации за активностите што ги спроведуваат во земјава во областа на доброто владеење, социјалната инклузија, заштитата на животната средина, климатските промени, вработувањето, родовата еднаквост, рамномерниот регионален развој и слично.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK