Средба на претседателот Гаши со посебниот советник за Западен Балкан: Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро

gashi-frangesh1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со посебниот советник за Западен Балкан, Анжеј Франгеш.

Гаши изрази благодарност за заложбите на Словенија да назначи специјален претставник за Западен Балкан, со што ја потврдува својата посветеност на европската перспектива на земјите од Регионот, вклучително и нашата земја.

Словенија е искрена, пријателска земја, силен поддржувач на евроинтеграциите. Особено се ценат нејзините заложби за одржување на прашањето за проширувањето високо на агендата на Европската Унија.

Влезот на Западен Балкан во ЕУ треба да се случи што поскоро, затоа што и Балканците се Европејци и тоа е во корист не само на овие земји, туку и на самата Унија.

Во таа насока, прашањето за уставните измени како пречка за влез во големото европско семејство треба да се реши што поскоро, а реформскиот процес да продолжи. Помошта и поддршката од посебниот советник Франгеш е добредојдена како одличен познавач на Регионот.

Франгеш на претседателот Гаши му посака успешна работа во новиот мандат, истакнувајќи дека парламентарната демократија е многу важна.

Соговорниците оставија отворена врата за соработка, со почести средби и поактивна улога во наредниот период.

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK