Средба на претседателот Гаши со амбасадорот Јаќимовиќ

thumbnail_2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Драган Јаќимовиќ.


Двајцата соговорници беа едногласни дека станува збор за две пријателски земји, кои немаат меѓусебни отворени прашања. Народите се слични, со иста култура и обичаи, кои живеат во мултиетнички општества.

Она на што треба да биде фокусот во следниот период е уште поголемо зближување на граѓаните, преку олеснето движење, со нови инфраструктурни решенија. Потребно е продлабочување на соработката на полето на туризмот, културата, трговијата.

Во однос на евроинтеграциите, беше искажано мислењето дека целиот Балкан што поскоро треба да стане дел од големото европско семејство, за мир, стабилност, за добробит на сите граѓани.

Присутните оставија отворена врата за соработка, за двонасочни посети, за размена на конкретни идеи и искуства.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK