Денеска во Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски оствари средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ, на која од страна на министерот Мисајловски беше истакнато дека од особен интерес е приклучување на останатите земји од регионот во НАТО и ЕУ.
На средбата се разговараше за планот за билатерална соработка за оваа година кој опфаќа реализација на вкупно триесет активности што е показател за интензивирање на меѓусебната соработка, известува Министерството за одбрана.