Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денес имаше работна средба со Софија Филипиду, амбасадорка на Република Грција и Василис Гаѕарас, секретар за економски прашања во амбасадата во Скопје. Во рамките на билатералната соработка меѓу двете земји, беше потврдено задоволството од досегашната соработка на економски план, а се разгледаа и можностите за дополнително продлабочување на соработката со акцент на енергетските проекти.
Се разговараше за можноста од меѓусебни засилени активности и размена на експерти од областа на енергетиката и рударството кои треба да дадат значаен придонес врз проектите кои ќе ги реализираат владите на двете земји во претстојниот период.
„Навистина ми е мило што со претставниците на грчката амбасада делиме исти визии и желба за зајакнување на меѓусебните дипломатски и економски врски. Всушност, убедена сум дека само на тој начин, особено со делување на економски план, заедно може да изјдествуваме значајни придобивки кон граѓаните на двете земји“ – истакна Божиновска.