­

Средба Муцунски-Рубио: нагласена важноста од интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво


1-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел, на маргините на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, оствари кратка, но продуктивна средба со американскиот државен секретар, Марко Рубио. Станува збор за нивна прва средба по неодамнешното именување на Рубио на оваа функција.


На средбата беа разменети мислења за актуелни прашања од заеднички интерес, како и за соработката на билатерално ниво и во рамките на НАТО Алијансата.

„Се согласивме за важноста од натамошно интензивирање на политичкиот дијалог на високо ниво. Следуваат многу заеднички иницијативи“, напиша министерот Муцунски во своите објави на социјалните мрежи.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK