Средба Муцунски – Милер: во фокусот, унапредувањето на човековите права

1-1.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со новоименуваниот претставник на УНИЦЕФ во земјава, амбасадорката, Лесли Милер, со цел предавање на копиите од акредитивните писма.


Муцунски и’ честиташе на Милер за именувањето на функцијата претставник на УНИЦЕФ, изразувајќи уверување дека со нејзиното искуство и посветеност ќе придонесе за зајакнување на заемната соработка во периодот што следи.

Воедно, Муцунски информираше за приоритетите и активностите на Владата, нагласувајќи дека во фокусот на работата ќе биде унапредувањето на човековите права, со акцент на правата на најранливата категорија, т.е. децата.

Дополнително, истакна дека Програмата за соработка 2021 – 2025 овозможува развивање и продлабочување на соработката со УНИЦЕФ, но и спроведување на приоритетните активности од Владиниот план за правата на децата, што е во согласност со Националната стратегија 2020-2025 и Акциониот план за спречување и заштита на децата од насилство.

Воедно, стана збор и за проектите на УНИЦЕФ во земјава, што имаат за цел промовирање на европските вредности за чие почитување континуирано се залагаме.

Соговорниците разменија ставови околу досегашната взаемна соработка на Фондот со земјата, изразувајќи надеж дека истата ќе продолжи успешно и во иднина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK