Средба Ѓорѓиевски -Трајановски: во фокусот подобрување на состојбата со патната инфрастуктура

1-12.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

​Претседателот на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски денес оствари прва средба со новиот директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски.


На овој работен состанок, Ѓорѓиевски информираше за состојбата во единиците на локалната самоуправа во областа за која Трајановски е надлежен- државните патишта, нивната изградба и одржување.

Заеднички ги лоцираа фокусите кон кои треба да се насочи работењето на ова државно претпријатие, со цел што поскоро да се интервенира на одредени патни правци.

-Денес во просториите на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), остварив средба со новиот директор, Коце Трајановски. Како Претседател на ЗЕЛС кој редовно се среќава со сите останати градоначалници, ги посочив клучните точки кои се проблематични за нашите граѓани и морам да кажам дека наидов на разбирање и поддршка од страна на директорот Трајановски. Се договоривме дека заеднички ќе работиме на решавање на наталожените проблеми и дека нема да дозволиме нашите граѓани да чекаат за проекти кои им се неопходни за секојдневно нормално функционирање. Оттука, со оптимизам гледам на периодот што е пред нас и се надевам дека ќе успееме во намерата видно да ја подобриме состојбата со патната инфраструктура на територија на цела Македонија-изјави Претседателот на ЗЕЛС Орце Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK