Претседателот на Собранието, Африм Гаши, оствари средба со претседателката на Собранието на Република Албанија, Елиса Спиропали.
Претседателот Гаши изрази големо задоволство од средбата и истакна дека очекува искреното пријателство и соработка што постои меѓу две земји во иднина уште повеќе да се зајакнува и унапредува. Двете земји на меѓународен план имаат исти цели и интереси, а тоа е членството во Европската Унија, соработката во областа на одбраната во рамките на НАТО Алијансата и продлабочување на регионалната соработка.
Тој изрази очекување и надеж дека двете држави заеднички ќе го продолжат својот пат кон европската интеграција затоа што тоа е многу важно не само за Република Севена Македонија и Албанија, туку и за останатите земји од Регионот, бидејќи заедничка е посветеноста за сеопфатен развој на Западен Балкан, како и активното учество во Берлинскиот процес, ПСЈИЕ, ЦЕИ и други регионални организации.
Претседателката Спиропали истакна дека Република Северна Македонија и Албанија се две пријателски земји кои делат исти вредности, визии и предизвици, имаат заедничко патување кон членство во Европската Унија и борба против корупцијата и организираниот криминал.
Двајцата соговорници се согласија дека во иднина мора да се продолжи со изградбата на патното, енергетското и железничкото поврзување меѓу двете земји во рамките на Коридорот VIII, а сѐ со цел поголема размена на луѓе, стоки и услуги за кои постои огромен потенцијал.
Eдинствениот пат кон побрзо економско унапредување на Регионот е регионално поврзување и интегрирање во него. Исто така на средбата тие ја истакнаа потребата од иницирање договор за добрососедство меѓу двете земји како основа во иднина да се зајакнува пријателството и соработката.