Министерот за правда Игор Филков имаше работен состанок со амбасадорот на Италија, Н.Е. Андреа Силвестри.
Како што соопшти Министерството, амбасадорот Силвестри му посакал успешна работа во извршувањето на функцијата на министерот за правда, Филков.
„Италија останува наш партнер и силен поддржувач во евроинтеграцискиот процес“.
„Се разговараше за унапредување на досегашната успешна соработка помеѓу двете земји како и за можностите за размена на искуства.
Особено е значајна билатералната соработка меѓу италијанската Агенција за борба против корупцијата и ДКСК како и поддршката во областа на правото“, соопштува Министерството. .
Министерот Филков ги реафирмираше придобивките од одличните и пријателски односи меѓу двете држави кои ќе се интезивираат во периодот кој следи.