Србија и Македонија за заеднички проекти кон ЕУ фондовите со цел компактибилен дигитален трансфер

srbija-makedonija proekti
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Србија и Македонија се заинтересирани за заедничко аплицирање на проекти од ЕУ фондовите со цел дигитален трансфер и дигитална трансфомација на двете земји и интероперабилност меѓу институциите и сервисите што се нудат, јави допсиникот на МИА од Белград.

За можностите на развојот на дигитализацијата во двете земји денес е разговарано во Белград на средбата на министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу и српкиот министер за информации и телекомуникации, Михаило Јовановиќ.


Соговорниците се согласија дека со цел зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на дигитализацијата и информациско-комуникациските технологии, заеднички ќе се работи на размена на најдобрите практики и знаења од овие области.

Министерот Алиу по средбата изјави дека нема земја во светот која нема акционен план и стратегија за развој на дигитализацијата и дека е крајно време да се размислува за дигитализација на регионално ниво. Тој нагласи дека сега има уште поголеми можности да се работи на тоа, бидејќи како што потсети пред неколку дена, со ЕУ е потпишан проектот Дигитална Европа, кој овозможува заедничко аплицирање за грантови со вкупен буџет од 7,5 милијарди евра.

-Целта на посетата се можностите со кои регионот може заедно да аплицира за тие фондови со цел да имаме компактибилен дигитален трансфер и дигитална трансформација на нашите земји. Ние какао соседни земји имаме многу заеднички точки кои можеме да ги искористиме за да можеме да аплицираме на локални, интернационални и други фондови со крајна цел интероперабилност помеѓу иституциите, земјите и сервисите што ги нудиме, изјави министерот Алиу.

Тој истакна дека дигитализацијата е единствениот начин за подобрување на животот на граѓаните, компаниите и зајакнување на економијата на земјите.

Министерот Јовановиќ изјави дека е разговарано за можностите за поврзување на граѓаните преку електронски услуги кои би се обезбедувале преку границата.

-Треба да се искористи можноста што ја добивме неодамна со приклучување кон проектот Дигитална Европа, да можеме заеднички да конкурираме и да добиеме грантови од ЕУ, кои се однесуваат и за развојот на вештачката интелигенција и воспоставување супербрзи компјутери на ниво на двете земји, но и за натамошен развој на дигитални вештини и интернет работилници, изјави Јовановиќ.

Утре двајцата министри ќе го посетат националниот Дата центар на Србија во Крагуевац со цел да се запознаат со можностите за креирање на компактибилни инфраструктури од хардверски аспект и за сервисите што ќе се нудат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK