Царински службеници на граничниот премин Богородица спречиле недозволено внесување на фреон во боци за еднократна употреба, што се забранети за увоз. Боците се откриени на влез во државата во товарно возило со македонски регистарски таблички управувано од лицето Д.Г, соопштија денеска од Царинската управа.
При царинска контрола на возилото биле пронајдени 1150 боци со неколку типа на фреон со вкупна тежина од над 13,5 тони.
Од Царинската управа посочуваат дека прометот на средства за ладење во цилиндри за еднократна употреба е забранет заради заштита на животот и здравјето на луѓето и на животната средина, како и заради елиминирање на истекувањата на супстанции што ја осиромашуваат озонската обвивка.
-Стоката е привремено задржана, а за едно физичко и едно правно лице се поднесени кривични пријави до Основното јавно обвинителство, за кривично дело Недозволена трговија, казниво според Кривичниот законик, информираат од Царинската управа.