Алијансата на Албанците преводена од Зијадин Села, влезе во вербална расправија за бројот на ресори со кои ќе раководат Албанците во новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Влен (Вреди).
На неговите политички опоненти, од кои дел до скоро му беа сопартијци им порача дека во минатото Албанците воделе најмалку 5,6 а на крајот и 8 од 16 министерства, а сега за првпат се случува да имаат четири ресори.
„Уште полошо е што ќе направат законски измени за да бидат 4 од 19, што ќе биде политичко-институционално егзекутирање на Албанците во РСМ. Нема ресор Министерство за интеграции – не постои. Нема ресор Министерство за политики за добро владеење – не постои. Ке има двајца министри без ресор, кои ќе имаат околу 5 вработени, еден возач и еден фотограф“, велат од Алијансата.
По коментарот, следеше реакција на „Влен“. Од коалицијата на Села му порачаа дека се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја згрешил страната, и наместо да биде победник останал со губитниците. Од тука велат декќе водат шест министерски ресори, покрај функцијата претседател на Собранието.
Според „Влен“, токму броењето ресори со кои раководат Албанци е концепт кој не донел ништо добро за нивната кауза. Напротив, велат од „Влен“, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок.
„Влен добива исклучително важна политичка одлука во новата Влада и ќе обезбеди сигурна иднина за Албанскиот народ. Ќе го води собранието на РСМ и шест министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците. Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт“, велат од коалицијата на опозицијата на албанските политички партии.