Според Филипче, Мицкоски глуми загрижен политичар – „Срамота е што им дозволивте на трговците да профитираат додека расте сиромаштијата“

filipche.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Христијан Мицкоски е виновен за измамата со кошничките, расте сиромаштијата додека трговците профитираат, рече вечерва во Битола претседателот на СДСМ, Венко Филипче на конференција на општинската организација.


-Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате а во јавноста глумите загрижен политичар. Касно е да ја префрлате вината за овој дебакл и грабеж на трговците, одговорноста е само ваша, рече Филипче.

Првиот човек на СДСМ рече дека по шест месеци Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чуствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага, додаде тој.

-Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски. Граѓаните тоа најдобро го приметуваат кога ќе влезат во маркетите. Лажните кошнички за поевтини цени се трик на Мицкоски и трговците со што тие печалат на маката на луѓето, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вечерва во Битола разговараше со членовите на партијата за повеќе актуелни теми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK