Спасовски за замената на личните документи: Процесот во внатрешноста е при крај a ќе заврши на најдобар можен начин

Спасовски-Неопходно-e-континуирано-да-градиме-отпорност-капацитети-и-способности.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, процесот на издавање на лични документи во Скопје и во Секторите за внатрешни работи во земјава е интензивен.


Оцени дека во внатрешноста на земјата процесот е сосема при крај.

„Во Скопје знаете дека се отвори новиот пункт се со цел да се апсорбира што е можно повеќе барања. Имајќи предвид дека само во пунктот имаме 40.000 граѓани, коишто дошле оставиле барања за лични документи, значи не за еден документ, туку за повеќе и другите пунктови низ Скопје апсорбираат. Така да сметам дека интензивната работа сега, до крајот на годината, целиот месец јануари итн. ќе се заврши целиот овој процес на најдобар можен начин“, истакна Спасовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK