Спасовски за случајот со двојното убиство: Од аспект на МВР е целосно расчистен, доколку истрагата се прошири МВР ќе постапи

Спасовски-го-обвини-ВМРО-ДПМНЕ-за-политиканство-и-најави-дека-ќе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање во врска со случајот со двојното убиство, рече дека МВР целосно го има расчистено случајот со убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.


„И тогаш кажав и сега повторувам дека случајот од аспект на Министерството за внатрешни работи е расчистен во целост, за сите други аспекти од истрагата ќе се обратите во Обвинителството“, истакна Спасовски.

Министерот дециден дека случајот е комплетиран од страна на министерството, но доколку се процени истрагата да се прошири и да се добијат други барања и насоки од страна на Обвинителството, во тој случај како што рече Спасовски „МВР е тука да постапува“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK