Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски работниот престој во Естонија го заокружи со посета на македонската амбасада во Талин, каде што домаќин беше амбасадорот во Амбасадата на Република Северна Македонија, Драган Јордановски којшто изрази огромна благодарност и задоволство од реализираната официјална работна посета на МВР Естонија.
Спасовски и амбасадорот Јордановски заклучија дека работната посета помина во убава пријателска атмосфера со естонските домаќини и дека формализирањето на еден ваков договор за полициска соработка ќе претставува чекор напред што ќе отвори нови можности и идеи за размена на искуства на нашите полициски служби.
Пред посетата на македонската амбасада во Талин, министерот Спасовски оствари посета на Одделот за полиција и гранична стража при естонското МВР, како и на естонската Академија за безбедносни науки.