­

Советот остана без кворум и не се произнесе за разрешувањето на Коцевски, Владата ја стопира постапката


ljupco-kocevski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Советот на јавни обвинители остана без кворум и без да изнесе мислење за државниот обивнител, Љупчо Коцевски.


Седницата беше одложена оти тројца членови не можеле да присуствуваат поради здравствени и семејни причини.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски најави дека постапката за разрешување на Коцевски ќе сопре за да им дадат шанса на обвнителите да работат на предметот за трагедијата во Кочани.

„Она на што се однесуваше дека како Влада ќе ја прекине постапката се однесува на делот што Владата потоа по добиеното мислење треба да го испрати таквото мислење до Собранието. Да појаснам дека Владата, и доколку добие мислење од страна на Советот на јавни обвинители, ќе ја запре постапката односно истото нема да го прати до Собрание, а се разбира Советот на јавни обвинители согласно роковите кои што ги има ќе постапува“, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева, одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција во Владата.

Законскиот рок да дадат мислење за владиниот прелдог за разршеување е до 3 ти април а Советот за сега не добил известување од Владата дека ќе биде стопирано разрешувањето на Коцевски

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK