Советникот на Мицкоски, Игор Николов, предложен за амбасадор во Франција

igor-nikolov.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека еден од неговите советници, Игор Николов, кој го советувал за здравствена политика, е предложен да биде нов амбасадор на земјава во Франција.


„Еден од советниците којшто беше со полно работно време е професор доктор Игор Николов. Тој беше мој советник во делот на здравствената политика, а договорот ќе му престане бидејќи во текот на вчерашната седница беше предложен од страна на Владата да биде нов амбасадор на нашата држава во Франција“, изјави Мицкоски.

Премиерот претходно вчера соопшти дека има вкупно 17 советници, а на новинарско прашање одговори и колку ги плаќаат граѓаните преку буџетот.

„Вкупно имам 17 советника. Сите советници, ќе ги имате имињата, сите тие 17 советници земаат плата во вкупна вредност од 60 илјади денари. Со исклучок на оние кои се на полно работно време, тројца или 4-ца кои се во владата, имаат хонорари од 90 илјади денари месечно“, рече Мицкоски.

Додаде дека и наскоро ќе бидат објавени нивните имиња, иако не прецизираше кога.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK