Центарот за управување со кризи направи пресек за состојбата со пожарите на отворен простор до 13 часот денеска.
РЦУК – Охрид, известува дека активен е шумскиот пожар во атарот на селата Брезница и Тажево општина Македонски Брод. Пожарот е на непристапен терен а гори борова шума. На терен се наоѓа командирот на ТППЕ-Македонски Брод, едно лице од ЈП Национални Шуми и Македонски Брод и две лица од полициска станица М.Брод. Во утринските часови и предпладнето пожарот се гасел со воздухоплови од воздух.Пожарот е сеуште активен.
РЦУК – Велес, известува дека на територија на РЦУК Велес активни пожари се:
-Шумски пожар помеѓу с..Габровник и с.Мокрени-општина Чашка на планината Бабуна е сеуште активен. На терен интервенираат екипа од ЈП Национални шуми Бабуна Велес 5 вработени, 10 припадници на АРСМ и 2 вработени од ЕЛС Чашка, се дејствува и од воздух. Дополнителен проблем е силниот ветер.
-Шумски пожар на планината Голешница на Врвот Лисец – помеѓу с. Г. Јаболчиште и Дреново општина Чашка. Интервенираат ЈП Национални шуми-подружна едница Бабуба Велес со 5 врабоотени, 10 припадници на АРСМ и 2 вработени од ЕЛС Чашка. Пожарот се наоѓа на многу висок и непристапен терен каде што го отежнува гасењето.
-Пожар на отворен простор кај Пашин мост према населбата Чашка. Пожарот беше изгасен вчера попладне, денес во 12.30 повторно се активираше. На терен интервенираат 8 пожарникари со 2 ПП возила, вработени од ЕЛС Чашка и месно население. Зафатена е нискостеблеста деградирана шума и сува трева.
-Пожар над с.Подлес-општина Градско, наспроти браната Подлес во непристапен терен. Според информацијата добиена од терен, пожарот почнува да се шири а во непосредна близина се наоѓа манастир, затоа се бара итна интервенција од воздух.
Во Општина Кавадарци:
-Пожар на отворен простор на 17.07.2024 година во 10:20 часот во атарот на с.Сирково општина Росоман е ставен под конторла. На терен остануваат екипи од ТППЕ Кавадарци заради контрола на истиот.
-Шумски пожар во атарот на с.Фариш-општина Кавадарци, истиот е ставен под контрола, сеуште има задимување на некои места. Екипите од ТППЕ Кавадарци, припадници на ЕБР и вработени од ЈП Национални шуми-ШС Бор Кавадарци остануваат на терен заради конторла на истиот.
Општина Неготино:
Пожарот кај с.Калањево-општина Неготино е ставен под контрола. Дел од човечките ресурси со механизација се на тој терен каде создаваат безбедносни појаси околу населеното место заради безбедност во случај на негово повторно активирање.
Пожарот во Воениот Полигон Криволак е сеуште активен. Фронтот на пожарот е околу 20 км и се движи во правец Орлов Баир од една страна, позади Штракалево од друга страна и Земски логор и Џидимирци.Гори сува трева и нискостеблеста вегетација. Прети опасност истиот да се прошири на територија на Општина Градско.
РЦУК – Битола, известува дека активен е пожарот кај с. Небрегово. На терен од 04:30 часот се излезени 6 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот се шири кон местото викано Дервен, каде што на терен од 10:00 часот се излезени 4 пожарникари со 1 ПП возило.
РЦУК – Штип, известува дека пожарот кој избувана на 12.07.2024 година , во атарот на с.Селце и с.Драгоево е сеуште активен на еден крак. Во атарот на село Селце и село Пухче е активен, исто така пожарот се шири кон ловиштето каде гори дабова шума, смерка, нискостеблеста вегетација и сува трева. На терен инервенираат ТППЕ-Штип, АРМ, ловочувари и еден Претставник од РЦУК -Штип кој ни јавува дека имало гаснење и од воздух со хелихоптер од Р.Србија кој имал 5 празнења од кој 2 во атарот на селата Селце и Пухче, 3 празнења во ловиштето.
РЦУК – Струмица, известува дека пожарот кај с.Баделен е локализиран. Се врши контрола на теренот.