Времето во Македонија денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и дневни температури од 23 до 33 Целзиусови степени. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, кој наместа повремено ќе достигне удари од 60 километри на час.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и дневни температури од 25 до 33 степени. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец кој наместа ќе достигнува брзина од 50 км/ч.