Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне претежно во северозападните планински подрачја ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе достигне од 30 до 36 степени. UV=7
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност, поголема попладне и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 36 степени.
Денеска краткотрајно ќе биде постабилно со услови за краткотраен дожд во планините на северозапад. Во среда нестабилно ќе биде претежно во северозападните делови од земјата, а повеќе услови за нестабилност ќе има од четврток кога на повеќе места ќе има појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.