Сончево и многу топло време со температура до 40 степени

soncevo_toplo_park_242423
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Времето денес ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.







Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени, информираат од УХМР.

Во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса што ќе предизвика времето да биде претежно сончево и натпросечно топло. Утринската температура наместа нема да се спушта под 20 степени, а максималната дневна насекаде ќе биде над 30, а наместа и 40 степени. Во недела попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK