Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, поизразен долж Повардарието. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 38 степени. UV=8
Во Скопје сончево и многу топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени, извести УХМР.
Во вторник времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град.
Дневните температури од вторник ќе опаднат за неколку степени.