Времето денеска ќе биде Сончево и многу топло со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. UV=9
Во Скопје сончево и многу топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 40 степени.
Под влијание на многу топла воздушна маса од југ, од утре до крајот на седмицата времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Особено топло ќе биде до среда кога дневната температура наместа ќе надминува 400C и на повеќе места ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
И покрај високите температури од среда до петок во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер и град.