Сончево и многу топло, максималната температура до 39 степени


sonce-so-termometar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието од северен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.


Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно време. Поради брз продор на посвежа воздушна маса од север, во петок времето ќе малку посвежо, а во деновите потоа температурата повторно ќе биде во пораст.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK