Сојуз на средношколци: Барањата на вработените во ДИЦ се целосно оправдани, но државна матура мора да има во предвидениот рок

uchenici
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сојузот на средношколци ја потсетува јавноста дека одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука, како што наведува, државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.

-Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација. Токму затоа ја потсетуваме јавноста на нашиот ангажман во месец март за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и го повторуваме нашиот апел возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под прашање, истакнува Сојузот во денешното соопштение.


Сојузот на средношколци ги известува матурантите и целокупната јавноста дека, според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

-Сојузот ова го поздравува. Апелираме на разумност и сериозност и ги повикуваме надлежните државната матура да ја одржат во веќе одредените рокови, наведува Сојузот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK