–>

Собранието не прифати да расправа за законот за амнестија по скратена постапка, со 66 гласа го одби предлогот од Влада

337109114_499061819107028_6246233922935267658_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Пратениците денеска не ја изгласаа потребата за носење на законот за амнестија предложен од Министерството за правда по скратена постапка.

66 пратеници гласаа „против“, 15 беа „за“, а тројца беа „воздржани“.

Предлог-законот нема да оди во натамошна собраниска процедура, односно пред надлежните комисиски тела.

Министерот за правда Кренар Лога при елаборирањето на законот за амнестија кажа дека основната цел поради која се предлага тој да биде донесен е алармантната состојба во затворите, како во однос на условите, така и поради големиот број затвореници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK