Собранието изгласа: ќе се формира анкетна комисија за случајот на Онкологија

Собранието-изгласа-ќе-се-формира-анкетна-комисија-за-случајот-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Пратениците во Собранието со 82 гласа „за“, донесоа одлука за формирање на анкетна комисија за скандалот со лекови на Клиниката за онкологија.


Предлогот беше поднесен од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Анкетната комисија, како што беше посочено на седницата, треба да утврди дали со тој скандал биле загрозени основните човекови права на пациентите кои се лекувале на Онкологија откако КАТО системот за подготовка на цитостатиците бил ставен надвор од употреба, како и да направи анализа за утврдување на политичка одговорност.

Одлуката беше поддржана и од пратениците од СДСМ, а пратеникот Ненад Коциќ  рече дека ако имало злоупотреби треба да бидат објавени со име и презиме.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK